Opel – Година полна со признанија

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Грми и сева!

Во текот на годинава што изминува во Руселсхајм пристигнаа 26 награди

Автомобилската индустрија 2021 година ќе ја помни како полна со предизвици, но и оптимизам. За Opel овие дванаесет месеци беа исполнети со успеси што беа препознаени од специјализираните медиуми кои на „Громот од Руселсхајм“ му доделија 26 признанија. Во оваа пригода извршниот директор Уве Хохгешурц изјави: „Ние сме многу горди на овие награди, тие се знак на посветеноста и страста со која Opel постојано работи. Без оглед на тоа каква работа работат – во дизајн, инженерство или во канцеларија, сите наши вработени создадоа фантастични автомобили. На сите им должам голема благодарност“.

Прв повлече нога Opel Vivaro-e избран за „Интернационално комерцијално возило за 2021“. Ова беше почеток на серија награди за најпродавано лесно комерцијално возило со електричен погон. Само во Обединетото Кралство, Vivaro-e собра бројни награди како „Електрично комерцијално возило на годината“. Потоа, Combo (со мотор со внатрешно согорување или како целосно електричен Combo-e) освои многу награди низ Европа во текот на годината. Новата Opel Mokka пристигна пролетта – смела, елегантна и сè освен обична.

 

Неодамна целосно електричната Mokka-e ја освои наградата „Златен управувач 2021“, една од најпознатите награди во целата автомобилска индустрија. Врвните технологии кај неконвенционалното спортско-корисно возило се исто толку одлучувачки како и стилот сведен на основните работи, што според магазинот Top Gear, ја прави Mokka „Дизајн на годината“. Човекот одговорен за сензационалниот изглед е потпретседателот за дизајн на Opel, Mark Adams кого угледниот Automotive News Europe го именува како „Eurostar 2021“. Со Opel Manta GSe ElektroMOD, група вработени во Opel оваа година ја оживеаја вистинската автомобилска легенда и ја направија погодна за иднината. Уникатната трансформација во Франција и Шпанија беше избрана за „Концепт автомобил на годината“. Следната година нема да биде толку богата со признанија, но сигурно е дека Opel ќе го продолжи победничкиот курс.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER