Opel – електро бренд

Поглед во иднината

Opel се прештекува на струја!

Молњата од Руселсхајм најави дека ќе стане чисто електрична марка

објавено 12. јули 2021

Со обајвувањето на првите скици на Manta-e, Opel најави дека сака да се развие во чисто електрична марка. Имено, до 2028 година, членот на Stellantis во Европа треба да има само електрични модели на батерии. Тоа се однесува на целата гама, но термичките мотори остануваат во игра за останатите пазари. Електрификацијата е популарна и политички коректна, но се поголемото прифаќање на технологијата на горивни ќелии и компримиран водород најверојатно ќе биде во фокусот во следната деценија. Тука Opel има голема предност бидејќи додека беше во групацијата GM имаше клучна улога во развојот на оваа технологија која ветува многу. Ова за сега е вон дискусија, барем официјална, па фокусот е на батериските возила. Тука спаѓа и Manta-e која треба да се појави на пазарот во средината на деценијава. Објавената скица не покажува спортско купе како што беше оригиналната Manta, туку футуристички стилизиран кросовер со големи тркала. Astra од серијата L, која ќе биде претставена оваа недела, треба да биде последниот нов модел развиен со мотор со внатрешно согорување за Европа, но исто како Mokka и Corsa, сè уште нема да доаѓа само како електрично возило на батерии, но ќе биде достапна како хибрид. Покрај тоа, Opel сака да влезе на кинескиот пазар исклучиво со електрични автомобили.