Opel Corsa – Уште еден милион на контото

Бестселерот во класата на мали автомобили, Opel Corsa, го слави новиот голем успех.

Дека Opel Corsa е модел што е продаден во повеќе од дузина милион примероци е општо познато. Од нејзиното лансирање во 1982 година таа веднаш ги освои срцата на купувачите и за оваа временска дистанца успеа да се пласира помеѓу најпопуларните модели од сегментот Б. Од лансирањето на актуелната генерација, наречена Corsa F, во 2019 година, повеќе од еден милион модели на Corsa ги напуштија производните ленти во фабриката во Сарагоса во Шпанија.

Не треба да се заборави дека кусо по преставувањето на овој успешен модел автомобилската индустрија влезе во една од најголемите кризи во својата историја. Таа беше предизвикана од пандемијата, прекинот во синџирот на набавки, кусокот на електронски компоненти, логистичките предизвици…

Сепак сите тие предизвици не успеаа да ја исфрлат од рамнотежа стабилната Corsa.  Од вкупно продадените 15 милиони единици досега, актуелната генерација прокнижи повеќе од еден милион продажби.

Уште поголема причина за гордост е што е првата помеѓу претходнитите генерации која го понесе електричниот и хибридниот погон, требаше да опстане на патот на транзицијата во групацијата Stellantis и да одолее на силната внатрешна и надворешна конкуренција.

Побарувачката за Corsa се зголемува. Во првиот квартал од годинава бројот на нови регистрации во Европа се зголеми за 18 % во споредба со претходниот квартал. Ова се надоврзува на фактот што сегашната Corsa е најпродаваниот мал автомобил во Германија во последните четири години,

како и најпродаваниот автомобил во својот сегмент во Велика Британија три години по ред (2021 до 2023 година). Opel континуирано го развива својот мал автомобил, што го прави уште поатрактивен и посоодветен за секојдневна употреба за клиентите.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER