Opel Corsa – Специјално роденденско издание

Лимитирана серија на 1.982 примероци

Кога прв пат се појави во понудата на Opel во 1982 година, Corsa стана еден од најпродаваните модели во класата. За временска дистанца од 40 години направени се шест генерации и до сега скорот е 14 милиони продадени примероци. Изданието „40 години“ е ограничено на 1.982 нумерирани копии во новата Rekord Red боја, која потсетува на оригиналната црвена од Corsa A. Затоа пак има црн покрив и бројните апликации во црна боја, вклучувајќи го „громот“ на Opel, како и куќиштата на надворешните ретровизори, отворот на задната врата и натписот Corsa во средината на задниот дел. Има и високосјајни црни 17-инчни алуминиумски тркала со мат сиви влошки. Во внатрешноста впечатливи се навлаките на седиштата со шарен дезен, исто така инспириран од првата генерација. Нумерирањето на соодветното возило се наоѓа на централната конзола пред совозачот, а со секој примерок на специјалното издание „40 години“ доѓа кутија со четири пара чорапи во шара на тапацирот од првото издание. Opel Corsa во моментов е најпродаваниот мал автомобил на германскиот пазар оваа година, а Corsa-e беше најпродаваното електрично возило со батерии во Германија во мај.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER