Opel Astra PHEV – Нов миленик на Клоп

Јурген Клоп се електрифицира

Амбасадорот на Opel, популарниот фудбалски тренер Јурген Клоп, од сега ќе патува со Opel Astra плагин хибрид со која и самиот влегува во електрификацијата. Со неа, двократниот „светски тренер на годината“ може да помине до 60 километри со нула емисии на штетни издувни гасови. Клоп се определи за Ultimate ниво на опрема со Intelli-Lux LED светло, head-up дисплеј, камера од 360 степени, спортски активни седишта AGR како и системот за квалитет на воздухот Intelli-Air. 55-годишниот тренер е менаџер на Ливерпул од 2015 година. Бидејќи живее во Англија тој доби изведба со волан на десната страна изработена од тамошната подружница на Opel.

Разликата е само во тоа што „грифинот“, заштитниот знак на  Vauxhall, како британска трговска марка, беше заменет за „громот“ како германска трговска марка. Со моќност од 133kW и максимален вртежен момент од 360 Nm, перформансите на неговиот нов автомобил се комбинираат со еколошка одговорност искажана преку декларираната комбинирана потрошувачка на гориво според WLTP од 1,1 л/100 км и емисија на CO2 од 26-24 г/км. Забрзувањето од нула до 100km/h е за 7,6 секунди, а Astra може да помине до 60km придвижувајќи се само на електрична енергија.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER