Opel Astra – Започна продажбата

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Добредојде за Ѕвезда!

Официјалниот почеток на продажбата на новата генерација на Opel Astra е означен во салонот на Еуроимпекс. Германскиот компакт во своето осмо издание е најсовремената интерпретација на овој модел и ја користи ЕМР2 платформата од најновата трета генерација. Сосема природно ги дели механичките решенија и контурата со Peugeot 308, но интерпретацијата е изворна. Дизајнирана во согласност со новиот изглед наречен Vizor оформува склопена предница врамена со потполно LED осветлување. Монолитниот дизајн проследен со моторизација за сечиј вкус и најсовремена технологија преставува освежување на понудата на домашната сцена каде Opel секогаш бил во фокусот на вниманието. Со бензински, дизел и приклучен хибрид Astra е интересен избор за секого. Со распон на силата од 120 до 225 коњи сега Astra е поекономична со акцент на еколошките норми. Во догледно време на нашиот пазар ќе се промовира и потполно електричната верзија. Заинтересираните може да ја доживеат новата ѕвезда во салонот на Opel во комплексот МИ-ДА или на www.opel.mk

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER