Opel – 125 години иновации

Од 21-ви јануари 1899-та Opel произведува автомобили. 125 години подоцна компанијата го потврдува својот прекар кого го носи повеќе од еден век. „Молњата од Руселсхајм“ го продолжува својот пат, сега трасиран со електрични модели

Браќата Опел

Успешната приказна на Opel започна во 1862 година. Тогаш Адам Опел ја создаде својата прва машина за шиење во Руселсхајм, поставувајќи ги темелите на компанијата. Opel наскоро се разви во еден од најголемите производители на машини за шиење во Германија и извезуваше низ цела Европа.

На својот асортиман, четири години подоцна, ги додаде велосипедите со што стана еден од првите производители на велосипеди во Германија. Поради падот на бизнисот со велосипеди во 1890-тите, синовите на Адам, Фриц и Вилхелм Опел,го посетија првиот германски саем за автомобили во Берлин во 1897 година и таму се сретнаа со Фридрих Луцман кој веќе произведуваше автомобили.

Велосипед Opel Blitz од 1892

Браќата Опел предложија партнерство во кое ја обезбедија комплетната инфраструктура за производство. Така се роди фабриката во Руселсхајм на чии темели и денеска се одвива производството на Opel. На 21 јануари 1899 година за тогашни 116.887 марки браќата Опел ја откупија компанијата од Луцман и ја заокружија сопственоста.

Opel Patent Motorwagen System Lutzmann

Во 1920-тите, паралелно со автомобилскиот бизнис, Opel стана најголемиот светски производител на велосипеди, успех за кој беа заслужни синовите на починатиот основач на компанијата.

Opel RAK 2

Во текот на своето постоење Opel изгради портфолио од 75 милиони возила произведени во своите фабрики во Европа и се етаблира не само како производител на автомобили, туку како сопственик на иконски модели што оставија длабока трага во историјата на автомобилизмот и мотоспортот.

Прославувањето на јубилејот означува почеток на нова ера исто како ѝ пред 125 години.Тогаш компанијата стана пионер со влегувањето во автомобилската индина, сега Opel е електричен пионер, кој нуди мобилност без емисии.

Додека пред 125 години Opel-Patentmotorwagen System Lutzmann беше пионерско достигнување како прв автомобил од Руселсхајм, денес тоа е најновата генерација на бестселерот Opel Astra, кој е дизајниран, развиен и произведен таму.

Најдобар пример за електричната иднина се новата Astra Electric и нејзината изведба Sports Tourer Electric која е меѓу првите електрични возила на светот со караванска каросерија и се произведува во Руселсхајм. Но, тука не запираат активностите на Opel. Во текот на јубилејната година сите модели на компанијата ќе имаат и електрична изведба.

Горд на своето минато,  Opel чекори кон иднината без емисии, со возила кои се забавни за возење и погодни за секојдневна употреба.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER