Opel – Продолжено партнерството со ADAC

Молњата останува во електричниот рели куп

Opel го потврди своето партнерство во првиот светски рели куп за електрични возила, познат како ADAC Opel e-Rally Cup, на кого му е додадена придавката „powered by GSe“.

Opel ја гледа својата иднина во електричните возила. Под таа визија, трета година по ред соработува со германскиот автомобилски клуб (ADAC) со кого партнерски го организираат првиот рели куп за електрични возила. Во претстојната сезона  ADAC Opel Electric Rally Cup „powered by GSe“ ќе има осум настани во четири земји (Германија, Франција, Австрија, Швајцарија).

Opel и најголемиот автомобилски клуб во Европа и соработуваат во мотоспортот повеќе од една деценија. Покрај успешните проекти ADAC Opel Rallye Cup и ADAC Opel Electric Rally Cup ова партнерство го создаде и ADAC Opel Rally Junior Team. Јуниорскиот тим го претставува вториот столб од заедничката програма за таленти – и има импресивно досие. Во 2022 година, Laurent Pellier ја прослави петтата титула за јуниорскиот тим на ADAC Opel Rally Junior Team на FIA (JERC) со Opel Corsa Rally4.

Една година претходно, французинот беше крунисан на првиот шампион на ADAC Opel e-Rally Cup. Еден од најважните моменти на тркачкиот календар за 2023 година е финалето на сезоната на Central European Rally рели околу Passau, каде учесниците на купот ќе се натпреваруваат со нивната електрична Opel Corsa Rally Electric со батерија од 100 kW/136 КС како дел од Светскиот рели шампионат на FIA.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER