Opel повторно во Русија

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Opel повторно во Русија

Сега под капата на PSA, Opel наново ќе ја освојува Русија

Објавено на 19 март 2019 година

Кратко откако навлезе во позитивен биланс, Opel објави дека се враќа на рускиот пазар. Пред крајот на годинава во 15 до 20 поголеми руски градови ќе биде оформена нова дилерска мрежа која за почеток ќе нуди три модели. Главен адут ќе биде компактниот кросовер Grandland X, кој ќе излегува од монтажните ленти на фабриката на Opel во Ајзенах во Германија. Другите два – Zafira Life и доставниот Vivaro ќе се произведуваат во заедничкиот погон на групата PSA и Mitsubishi во градот Калуга, јужно од Москва. Наскоро се очекува и четврти модел, а среднорочните планови предвидуваат удвојување на продажната мрежа. Ова треба значајно да придонесе за реализација на плановите за тројно зголемување на пазарното учество на PSA групата во овој регион. Со нив исто така е предвидено возилата на Opel во наредните пет години да започнат да се продаваат на 20-тина нови пазари надвор од Европа.

Иако е голем, стратешки важен и атрактивен пазар со значаен потенцијал, Opel заедно со Chevrolet се повлече од Русија во 2015 година како резултат на променливата бизнис-политика на General Motors. Фабриката во Санкт Петерсбург се затвори, а беше откажано и заедничкото производство со GAZ. Се очекуваше дека овој потег ќе донесе сериозни заштеди во однос на неопходните инвестиции кои ќе придонесат за полесно излегување на Opel од долгогодишното црвено салдо. До тоа сепак не дојде сé до ланската 2018-та, која беше прва цела година откако Opel е дел од француската група. Според финансиските резултати, германскиот производител лани оствари приходи од продажбата во висина од 18,3 милијарди евра и добивка од 859 милиони евра. Ова има посебно значење бидејќи претходните прогнози беа дека марката ќе се врати во профитабилните води во 2020 година. Дел од цената за ова платија и 3.700 вработени во Германија, кои останаа без работа. Реално оваа бројка е поголема бидејќи истовремено во Франција беа преселени 2.000 работни позиции од развојниот центар во Риселсхајм.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER