Opel – Еколошки процес на боење

Бои атрактивни за очите, пријателски за природата!

Воведувањето на новите Astra и Mokka од Руселсхајм донесе уште едно изненадување. Тоа беше палетата понудени бои со кои каросериите ги истакнуваат своите линии и оставаат импресивен впечаток. Процесот на избирање и создавање посакувана боја може да потрае со години. „Боите за автомобили не само што треба да го задоволат купувачот, туку мора да одговараат и на големината и обликот на автомобилот“, изјави Никол Хајд, помошник главен дизајнер за боја и материјали. „На модел од компактна класа како Astra најдобро одговараат софистицирани мика или металик бои кои се исто така многу популарни меѓу клиентите во тој пазарен сегмент.“ Пред да се воведе нова боја започнува истражување на трендовите на боите па нејзино рецептирање. Дизајнерите доаѓаат до саканиот сооднос на бојата, па потоа се испробува како ќе се однесува на реален материјал. Специјално одбраните бои за Astra и Mokka имаат еколошки атрибути благодарение на нивниот состав и новиот процес на боење. Во фарбарското одделение на Opel се користи „3-wet“ метод кој во споредба со конвенционалните процеси на бојадисување ги намалува годишната емисија на CO2 за околу 2.200 тони и годишната потрошувачка на вода за околу 1.800 кубни метри.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER