Горивата поскапи за 1,50 денари
Не дека се изненадивме, ама поскапувањето на горивата за 1,50 денари не го дочекавме баш онака рутински како што регулаторната комисија за енергетика тоа го прави секоја недела ова лето. Овој пат стрелката на нивната методологија застана на 86,50 денари за еуросупер БС-95, два повеќе за БС-98 и 81 денар за литар еуродизел Д-Е V. Доколку ве интересираат причините, тие се поголемите референти цени на дериватите кои на светскиот пазар во изминатите седум дена пораснаа кај бензинот за 3,030% а кај дизелот за 2,482% и курсот на доларот за 0,080%.