Нови горива од Макпетрол :: Според стандардите на Европската Унија

Нови горива од Макпетрол

Според стандардите на Европската Унија
Објавено на 13 јуни 2018 година

Ultra Diesel Green Power и Ultra Diesel Bio Power се новите горива од Макпетрол која е единствена компанија во Македонија која на своите потрошувачи им нуди можност да користат дизел горива според стандардите на Европската Унија. Оваа компанија пред сé ориентирана кон потрошувачите веќе подолг период континуирано инвестира во развој на нови технологии и производи што ќе овозможат повисок квалитет и подобри перформанси, но истовремено во најголема можна мерка ќе ја заштитат природата. Квалитетот на горивата се следи во современата акредитирана лабораторија во строго организиран процес и со сеопфатни анализи на вкупно 79 параметри за различни типови горива. Како продукт на постојаниот развој, Макпетрол ги лансираше на пазарот новите Ultra дизел горива – Green Power и Bio Power. Како што истакна директорот на дирекцијата за малопродажба Љупчо Георгиевски, новите премиум горива се надградба на досегашните од кои ги имаат задржано особините како што се кристална чистота добиена преку процес на филтрирање на дизел горивото преку филтри што се користат за филтрирање на авиогоривата. Тие во комбинација со нови и најсовремени адитиви сега обезбедуваат многу поефикасно согорување што значи зголемена моќност, намалена потрошувачка и намалена емисија на штетни издувни гасови. Биодизелот од ова семејство како предводник во поглед на заштитата на животната средина содржи 6% дизел гориво од висококвалитетно растително масло, додека останатите 94% се од новото Ultra Diesel Green Power гориво. И двете овие горива се со идентичен состав и квалитет како и дизел горивата што ги пропишува ЕУ.

Надоврзувајќи се, директорот на дирекцијата за стандардизација, квалитет и екологија Горан Ангеловски додаде дека новите дизел горива на Макпетрол се специјално дизајнирани горива со примена на најнови светски и европски искуства како и најсовремена технологија за примена на адитиви и други технолошки постапки. Придобивките што ги нудат се овозможени со користење на адитиви што содржат компоненти кои го зголемуваат цетанскиот број како една од најважните карактеристики на дизел горивата. Дизел горивата со повисок цетански број горат многу поефикасно што само по себе значи зголемена моќност, намалена потрошувачка и намалена емисија на штетни издувни гасови. Главните атрибути на новата генерација на адитиви е задржување на моќноста и забрзувањето преку задржување на протокот и намалување на загубите на моторот во текот на континуираната експлоатација на возилото при поголеми оптоварувања.

Овие горива се сертифицирани не само за постарите возила со директно и индиректно вбризгување, туку и за најновите Common-Rail мотори.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER