Škoda Vision RS (со видео) :: Нов Rapid или мистериозен модел?

Нов Rapid или мистериозен модел?

За салонот во Париз Škoda подготви концепт за кој мислењата што најавува се поделени
Објавено на 7 септември 2018 година

Škoda Vision RS – тоа е најновиот концепт што Чесите го подготвија. И сé би било во ред да кажеа што точно најавува, бидејќи иако според поголем дел од јавноста тој треба да ни ја долови новата генерација на Rapid, дел од познавачите мислат дека се работи за нов модел. Мистериозен, бидејќи со своите 4,35 метри е прекраток да биде хечбек верзија на Octavia, а пак сегашниот Rapid на кој му е време за замена, нема таква верзија – таа улога кај него ја има Spaceback изведбата, за која попрво би кажале дека е караван. Но како и да е, сериската верзија која треба да ја очекуваме во 2019 година ќе биде поставена на продолжената Volkswagen-ова MQB A0 платформа, која ќе ја добие и идниот мал кросовер на Škoda најавен со Vision X концептот. Во гамата мотори не се очекуваат изненадувања, ниту пак хибриди. Внатрешноста засега сé уште нема исчекорено од футуристичкиот стил, но и тука сигурно ќе преовлада конзерватизмот.

[su_youtube url=”https://www.youtube.com/watch?v=4bf3-It1jlg”]

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER