Безгрижност на зимските патишта
Првокласна безбедност и исклучително прилепување за сите облици на зимата
Објавено на 18 март 2019 година
Новиот Nokian WR Snowproof е безбеден и доверлив зимски пневматик посебно конструиран за централноевропските возачи на патнички автомобили. Најважната карактеристика на овој пневматик е ненадминатата зимска безбедност која на возачите им нуди безгрижност во случај на ненадејни снежни врнежи и возење по коловоз покриен со лапавица. Неочекуваните промени на зимското време се сé почести ширум Европа. Nokian WR Snowproof е нов врвен зимски пневматик направен така да нуди најголема можна безбедност при патувања во променливи зимски услови. Било да возите во град, на автопат или по живописни планински патишта, овој пневматик нуди исклучителна комбинација на првокласно прилепување и предвидливо и балансирано управување со цел задоволување на потребите на централноевропските возачи во зимскиот период.
Според анкетата на потрошувачите што ја спроведе компанијата Nokian Tyres, скоро 60% од возачите во Централна Европа ги наведоа специјализираните зимски пневматици како најважен дел од безбедносната опрема на автомобилот во текот на зимата. Во истата анкета, скоро 70% од испитаниците ги наведоа доброто прилепување и управување како најважни карактеристики на зимските пневматици, додека безбедноста во екстремни услови на снег и прилепувањето на патишта покриени со лапавица се најдоа меѓу најбитните три карактеристики.
Новиот Nokian WR Snowproof нуди исклучително зимско прилепување на снег, лапавица и мокри патишта – карактеристика што за многу возачи е очекувана, но доста често и неопходна. Цврстото прилепување е засновано на новиот концепт Alpine Sense Grip, а благодарејќи на единствената гумена смеса Alpine Grip пневматикот добро функционира во широк температурен опсег, од благи до студени зимски услови. Кај овој врвен еколошки пневматик секој блок на газечката површина и секоја ламела имаат посебна улога во обезбедувањето безбедно и угодно возење. Управувањето е балансирано и лесно се контролира дури и во неочекувани ситуации. Nokian WR Snowproof има доста низок отпор на тркалање, што влијае за намалување на потрошувачката на гориво и емисиите на штетни гасови.
– Свртувањето на патишта под лапавица и изненадните менување лента, на пример заради избегнување животно, претставуваат предизвици за возачите. Во согласност со нашата развојна филозофија, новиот Nokian WR Snowproof се однесува како сигурносен појас, максимално ја зголемува безбедноста во екстремни ситуации. Останува управлив и доверлив на граница на прилепување. Нашиот концепт Alpine Sense Grip им овозможува на нашите зимски пневматици да се прилагодат на варијациите на временските услови и да ги обезбедат неопходното прилепување и контролата во најекстремни ситуации, дури и пред активирањето на електронските системи за безбедност, вели Марко Рантонен, шеф на развојот на производите во компанијата Nokian Tyres.
Новиот Nokian WR Snowproof ќе се најде во продажба есента оваа година. Ќе се нуди во брзински категории Q (160 km/h), T (190 km/h), H (210 km/h), V (240 km/h) и W (270 km/h), а широкиот дијапазон на големини покрива 55 артикли од 16 до 20 инчи. Палетата на сестраните зимски пневматици на Nokian Tyres за патнички автомобили исто така ги вклучува и WR D4 и WR A4. Опсежниот избор на големини за современите модели на автомобили покрива скоро 150 артикли.