Nokian Tyres воведува четврта смена
Заради зголемената побарувачка, финскиот производител на пневматици Nokian Tyres во својата фабрика во Нокиа воведува четврта смена
Објавено на 11 јули 2018 година
Со воведување четврта смена, компанијата Nokian Tyres го зголемува капацитетот на производството на пневматици за патнички автомобили за околу 30%, заради што ќе бидат ангажирани нови 80 работници. Нивното ангажирање започнува веднат, а избраните работници на своите работни места ќе започнат да стапуваат од септември, со акцент на крајот на годината бидејќи производството на пневматици за патнички автомобили во четири смени ќе стартува најдоцна на почетокот на 2019-та. – Нашата стратегија на раст бара зголемување на производството. Компанијата Nokian Tyres оствари значаен раст, а нашата цел е да продолжиме по ист пат така што ќе ги удвоиме работните капацитети во Северна Америка и ќе ги зголемите за 50% оние во Централна Европа во наредните пет години. Истовремено, сакаме да осигуриме трајно пазарно лидерство во Скандинавија и Русија, вели Хиле Корхонен, претседателката и генерална директорка на компанијата Nokian Tyres.
Производството на пневматици за патнички автомобили во Нокиа моментално се одбива во три смени, пет дена во неделата. Оваа фабрика во иднина ќе работи во четири смени, шест дена седмично. Заинтересираните можат да ги следат слободните работни места на овој линк .