Nissan X-Trail – По Америка и Јапонија доаѓа во Европа

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Две годишна одисеја…

Новиот Nissan X-Trail конечно ќе допре до купувачите во Европа.

Пред речиси две години Nissan Rogue беше претставен и се продава во Северна Америка, минатата година на автосалонот во Шангај беше прикажан пандан со глобалното име X-Trail. Популарното спортско-корисно возило започна да се продава во родната земја, а од септември конечно ќе се дојде во Европа.

Во споредба со моделот Rogue, новиот Nissan X-Trail за европските клиенти ќе има една голема разлика и тоа е под хаубата. За Американците, 2,5-литарскиот атмосферски мотор е заменет со трицилиндричен турбо агрегат, а X-Trail што ќе пристигне овде го има погонскиот систем e-4ORCE на Nissan. Во теорија, ова е погонот e-4ORCE од втората генерација, кој треба да биде поефикасен, помоќен и потивок. Срцето на новиот Nissan X-Trail работи на бензин, има променлива компресија, но кој во пракса не ги движи тркалата. Тој е вработен како генераторот што произведува електрична енергија. Според аргументите кои Nissan ги дава со погонскиот систем e-4ORCE, се наведува дека моторот со внатрешно согорување секогаш може да работи во најоптималните режими на работа, а со тоа максимално ја намалува потрошувачката на гориво, особено во споредба со останатите модели.

Истиот погон e-4ORCE го има и кај моделот Qashqai. Барем за јапонскиот пазар, основниот Nissan X-Trail има само погон на предните тркала и само 1,5-литарски бензински мотор без никаква хибридна помош. Иако допрва ги чекаме информациите за конфигурациите на европскиот X-Trail, познато е дека ќе има два или опционално три реда седишта, дигитална инструмент табла со дијагонала од 12,3 инчи и инфозабавна екран со исти димензии, додека листата на опции ќе вклучува голем 10,8 дисплеј што ги отсликува графиките на ветробранското стакло во висина на погледот на возачот. За останатите податоци ќе мора да сме  трпеливи  до следниот месец.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 90.00 ден
  • еуросупер 98 - 92.00 ден
  • еуродизел Д5 - 90.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER