Електричен и независен од полначи!
По речиси две години задоцнување на стариот континент пристигнува X-Trail. Во САД и Јапонија Nissan Rogue бележи солидни резултати, а тој е технолошки и, може да се каже, дизајнерски близнак на X-Trail.
Четвртата генерација на Nissan X-Trail е најавена како следен чекор електричната офанзива. Тоа за право му даваат електричните мотори сместени на двете оски, но иако ја црпат својата моќ од литиум-јонската батерија, сепак се избегнуваат полначите за струја. Па како е тоа можно? Одговорот лежи во технологија која беше комерцијализирана во Opel Ampera. Како генератор на струја служи бензински мотор. Ова резултира со тивко и моќно електрично возење преку едната или двете електрични погонски оски и на крајот на денот просечна потрошувачка што е помала отколку кај некои plug-in хибриди.
Но, возењето е без емисија само додека полнењето на батеријата го дозволува тоа, потоа моторот мора повторно да работи, обично со мал капацитет додека не ги наполни доволно батериите. X-Trail е вториот модел на Nissan во Европа кој е достапен со е-погон на барање. Во моментов ексклузивно за Nissan, погонскиот систем се состои од батерија со голем капацитет и интегрирана погонска група која вклучува 1,5-литарски турбо бензински мотор со 158 КС со променлив однос на компресија, генератор на моќност, инвертер и електричен 150 kW мотор во задниот дел. Бензинскиот мотор се користи исклучиво за производство на електрична енергија, додека електромоторите ги придвижуваат тркалата. За разлика од некои хибридни возила, брзината на бензинскиот мотор во X-Trail e-Power се движи во склад со брзината.
За таа цел инженерите развија систем наречен „Линеарна мелодија“. Ја регулира и постепено ја зголемува брзината на 1,5-литарскиот мотор за да ја покрие потребата од енергија при забрзување. Како резултат на тоа, перформансите и звукот се развиваат на сличен начин. Во новиот X-Trail, за прв пат се користи системот за погон на сите тркала „e-4ORCE“, кој е специјално прилагоден на електрифицираните погони. Благодарение на дополнителниот електричен мотор од 100 kW на задната оска, системот развива вкупна моќност од 157 kW и на тој начин забрзува од нула до 100 km/h за седум секунди. Не само што го оптимизира вртежниот момент напред и назад, туку и независно ги контролира сопирачките на сите четири тркала. Резултатот е однесување во свиоци што точно одговара на намерите на возачот. Како алтернатива на e-power погонот, Nissan нуди традиционален турбо бензинец со променлив однос на компресија.
Со зафатнина од 1,5 литри, четирицилиндарецот развива 163 КС и 300 Nm вртежен момент. Континуирано променливиот менувач Xtronic секогаш ја испраќа силата на предните тркала. Погонската група е стандардно комбинирана со 12-волтна блага хибридна технологија.Погонската констелација на новата платформа CMF-C од сојузот на Renault, Nissan и Mitsubishi носи опипливи предности покрај вкупната мала потрошувачка и можноста за електрично покривање на растојанија без издувни гасови. Марката нуди и целосно конвенционален бензински мотор со турбополнач, кој има благ хибрид. X-Trail е единствениот во својата класа кој може да прими до седум патници. Дизајнерските знаци на Nissan како навидум лебдечкиот покрив и V-Motion решетката се имплементирани на одличен начин. Предниот дел се карактеризира со впечатливи матрикс фарови со интегрирани дневни светла.
Кога се гледа од страна, мускулестите лакови на тркалата го нагласуваат неговото присуството на патот. Обликот на Ц-столбот внесува возбуда во задниот дел. Поделените задни светла, кои допираат до страните на возилото, ја нагласуваат ширината на возилото. Кога двете задни седишта не се во употреба, X-Trail е еден од лидерите во својата класа со вкупен волумен на багажниот простор од 585 литри. Nissan посвети посебно внимание на ергономијата и чувството на прекинувачите и копчињата во внатрешноста. Меѓу другото, X-Trail има едноставни и интуитивни контроли за греење и климатизација, а на централниот контролен екран има и копчиња за аудио и навигација.
Во пловечката централна конзола, меѓу другото, сместени се прекинувачот за избор на режим на возење, два држачи за чаши и индуктивно куќиште за полнење на паметен телефон. Понуден е и WiFi hotspot за најмногу седум уреди и услугите на Nissan Connect. Централниот контролен елемент е дисплејот од 12,3 инчи, кој ги контролира поставките за навигацијата и инфо-забавниот систем. Дополнително, 12,3-инчниот TFT екран со повеќе информации обезбедува дополнителна содржина. Екраните се комплетирани со i head-up дисплеј (HUD), кој има најголема дијагонала на проекција во овој сегмент од 10,8 инчи. За две декади, колку се произведува X-Trail е продаден во скоро седум милиони примероци. Неговата продажба започнува во текот на есенва а за цените на западно европските пазари ќе започнуваат од 34.000 евра.