Откако за пет години продажбата во Европа му се намали, Nissan започна да бара алтернативни извори на приходи.

Најпрво во сопствениот двор, во неговата поранешна шпанска фабрика каде локалната компанија Silence произведува електрични мотоцикли и мали градски возила. Во договор со нив јапонската марка ја презеде дистрибуцијата, засега само за Италија, Франција, Германија и Велика Британија.

Нивен интерес беше квадрициклот S04 кој ќе чини 12 илјади евра, што е за две илјади повеќе отколку во Шпанија. Возилцето веќе ви го претставивме минатата година, затоа сега само накратко за него.  Долго е 2,3 и широко 1,3 метри, има две седишта и доаѓа во верзии со 8 или 19 коњски сили. Може да има една или две батерии кои се отстранливи и можат да се пренесуваат како куфер на тркалца за полнење дома или во канцеларија.

Посилната верзија на Silence S04 со две батерии постигнува максимални 85 километри на час и има автономија од 150 километри. Опремата е на премиум ниво – аудио систем со блутут, електрични стакла и ретровизори, клима уред и друго. Во план е да се оформи мрежа станици на кои празните батерии ќе можат да се заменат со полни.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER