Nissan Sakura – Цветот на црешата

Додека во Европа ќе чекаме на малите јапонски електрични градски возила уште три-четири години, тие на Јапонците веќе им се достапни. Најновото такво е дело на инженерите на Nissan, кои веруваат дека исто како што некогаш успеа Leaf, новитетот ќе ги промени правилата на игра ​​на домашниот автомобилски пазар. Наречено Sakura според цветот на јапонската цреша, ова микро комби е долго 3,4 широко 1,5 метри и има место за четири патници. Малиот пречник на вртење и автономијата од 180 километри го прават совршено за преполните градски сообраќајници. Неговото користење го олеснуваат бројните електронски системи меѓу кои е и ProPilot асистентот за автоматизирано паркирање. Електромоторот од 64 коњски сили има три режими за работа – еколошки, стандарден и спортски кои нудат оптимални перформанси за различни ситуации. Се вози со користење само на педалата за гас, додека сопирачките се само за застанување и итни ситуации. Значајна особина му е и што може да служи како подвижен извор на електрична струја, иако за такво нешто во градовите ретко ќе има потреба. Ова симпатично автомобилче ќе започне да се продава летово, по цени кои ќе стартуваат од 18 илјади долари без вклучени субвенции.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER