Колосалниот теренец доби спортска преобразба која го направи адмиралски брод во флотата на Nissan
Новата генерација на Nissan Patrol нема да дојде во Европа, но на пазарите каде веќе се продава доби засилување со кое ќе привлече силно внимание. Тоа првенствено се однесува на пазарите во САД и Блискиот исток каде секогаш се бара нешто повеќе од најбогатата серијска опременост.
Тука на помош пристигна спортското одделение NISMO правејќи низа измени што се вклопуваат во вкусовите на купувачите од споменатите региони. Со промените е почнато кај 3,5 литрениот би-турбо V6 мотор, сега набилдан да произведе 70 коњи повеќе од стандардниот. Благодарение на добиените 495 КС Nissan Patrol NISMO е најсилната изведба досега.
Покрај подобрувањата на моторот, подесен е издувниот систем кој ветува „поевокативни“ звуци. Оние што се внатре ќе го чујат тоа благодарение на активниот систем за подобрување на звукот, кој го засилува звукот на издувните гасови.
Секако дека и подвозјето доби поспортското подесување на суспензијата и ревидиран е системот за управување што ветува попривлечно искуство.
Од надвор ќе биде препознатлив по уникатниот изглед. На некои тоа ќе им се допадне, на некои не. Предниот дел е сосема нов, има повисока решетка и нови браници кои ја зголемија должината за девет сантиметри.
Додадени се уникатни светла за магла, поспортски прагови и 22 инчни алуминиумски тркала поткрепени со црвени сопирачки шепи, што алудира на перформансите на моделот. Покрај тоа, Armada NISMO може да се добие во неколку ексклузивни бои, вклучувајќи NISMO Stealth Gray, NISMO Stealth Gray со Super Black покрив и Black Diamond Pearl.
Надградбите во ентериерот се поелегантни бидејќи има црни кожни седишта со црвени централни елементи.
Дизајнерите, исто така, инсталираа црвени контрастни шевови, алуминиумски педали и амбиентално осветлување во повеќе бои. Колку ќе чинат споменатите промени не е кажано бидејќи комерцијализацијата започнува на есен.
А колку и да кошта, нека кошта. Каде и за кого ќе се продава, тоа е најмалата грижа


