Новата генерација на пикапот Navara ќе се продава на сите континенти, а првото појавување се случи „таму долу“
Nissan Navara делува цврсто, со динамичен дизајн, додека голем дел од својот основен инженеринг го дели со Mitsubishi Tirton, во Европа познат како L200. Ваквата соработка е вообичаена во светот на возилата наменети за тешка работа.
Сепак Nissan верува дека различните стилски елементи ќе ѝ дадат на Navara јасна препознатливост. Најважниот дел од екстериерот е целосно редизајнираното лице. Кутиестата решетка е обрабена со LED фарови и робустен браник. Кабината располага со елементи препознатливи за Nissan.
На контролната табла се наоѓа нов 9 инчен инфозабавен систем, надополнет со ажурирана технологија за помош на возачот и зголемен простор за нозете за оние на задните седишта. Во промотивното издание наменето за Австралија под хаубата се наоѓа познат 2,4 литарски битурбо дизел мотор кој генерира 204 КС и 470 Nm вртежен момент.
Несомнено е дека за одредени пазари ќе има и бензински мотор. Основната Navara ќе биде опремена со систем Easy 4WD со автоматско работење и стандардно електронско заклучување на задниот диференцијал.
За посилните изведби наменет е системот Super 4WD, со додавање на централен диференцијал што може да се заклучи и режими на возење што може да се изберат. Капацитетот за влечење останува на 3.500 кг, а максималната носивост се движи од 950 до 1.047 кг. Во текот на идната година Nissan Navara ќе биде претставена и на светскиот пазар.






