ПРЕМИЕРА : Nissan Murano – Радикална промена

По десет години минорни освежувања, јапонската марка конечно го прикажа новиот знаменосец

Новиот имиџ на Murano конечно е тука и неговиот изглед воопшто не изненадува. Тој е ускладен со електричната Ariya и новиот Qashqai па дава надеж дека, покрај американците, ќе биде понуден и на европјаните.

На оваа теорија поткрепа даваат повеќе параметри што се интегрирани во новиот модел. Пред сé моделот што ќе започне да се продава во првиот квартал на 2025 г. од другата страна на Атлантикот е поставен на истата основа како и неговиот претходник, но изгледот на надворешноста и ентериерот радикално е сменет, исто така, и технологијата вградена во него.

Сега Murano го дели дизајнот на предниот дел со споменатите модели. Големата насмевка на предната решетка и тенките LED светла се многу слични на оние на Ariya, иако тука се разделени со лента во боја на каросеријата. Сепак контурата му е многу поинтересна, со изразена мускулестост на задните лакови.

Влијанието на новиот дизајнерски бран на Nissan се протега и во кабината. Веќе задолжителните двојни екрани, секој се протега на 12,3 инчи, се задолжени за препознатливите задачи. Едниот, пред возачот за параметрите на возилото и возењето, а другиот за инфозабава.

Вториот подржува безжична поврзаност со Apple CarPlay и Android Auto. Вградена е технологија на Google и неговите услуги се стандардни. Просторноста у удобството се веќе потврдени од претходниот модел, но во новиот тие се издигнати на повисоко ниво.

На некои купувачи нема да се допадне храброста на Nissan што од Murano  го исфрли стариот 3,5 литарски V6 кого го смени дво литарски четири цилиндраш со турбо полнач. Новиот мотор произведува 244 КС, што е за 19 КС помалку во однос на стариот V6. Сепак, тој има поголем вртежен момент за 27 Nm, вкупно 353 Nm, па веројатно ќе обезбеди добри возни перформанси, а може да влече приколка тешка два тона.

Добра вест е што гласниот CVT менувач е отстранет и неговата улога ја превзема автоматик со девет степени на пренос без оглед дали верзијата со погон на предните или на сите тркала. Овие наведени параметри ветуваат мазни градски манири и динамично однесување на автопат. Murano не е наменет за теренски предизвици, но далеку од тоа дека нема добро да се однесува надвор од асфалтот.

Проодноста е зголемена со допонителни 36 мм и сега растојанието од тлото изнесува 211 мм. Неколку сериски остварувања значат дека е поспособен да се снајде во двете средини. Една од нив е „проѕирна хауба“. Базирана е на камера која му овозможува на возачот да гледа што се случува на нивото на предните тркала кога ситуацијата не му дозволува на возачот да има преглед пред возилото.

Овој корисен асистент е веќе познат на возачите на новиот Qashqai. Технологијата е корисна кога ползите по груб терен, но исто така е ефективна при паркирање. Според плановите на Nissan, новиот Murano ќе се лансира првично во САД. За евентуално враќање во Европа не е ништо кажано,  но сосема извесно е дека Murano повторно ќе стане глобален модел.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER