Nissan Magnite – Од Индија со љубов

За пазарите од третите земји Nissan го обнови интересниот кросовер Magnite кој се произведува во Индија

Најголема новост кај овој модел е дека сега ќе биде достапен на многу повеќе извозни пазари. Иако според организациската шема на Nissan Европа и Индија заедно со Африка, Блискиот исток и Океанија се под иста регионална дирекција, шансите дека ќе го видиме на нашите пазари се минимални.

Но ако сепак се појави сигурно ќе предизвика големи бранувања, најмногу заради цената која во матичната земја е поставена на неверојатни 6.500 евра. Дизајнерски измените се мали но забележливи заради новата и поширока маска дополнета со поголема долна заштитна плоча. Внатрешноста според нашите мерила е аскетска, но затоа има шест воздушни перници.

Моторната понуда е составена од еднолитарски трицилиндрични агрегати со и без турбо компресор и максимални 72 односно 101 коњска сила. Погонот само на предните тркала а клиреност му изнесува 205 милиметри. Од претставувањето во декември 2020 година досега се продадени 150.000 примероци.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER