Nissan GT-R – Ја завршува својата кариера

После славни 18 години на пазарот, Nissan GT-R се сели во музеј

Заблагодарувајќи им се на купувачите од компанијата известија дека престануваат со примање нарачки за овој модел.

Не беа прецизни за вкупната бројка а бидејќи се произведува рачно не е познато уште колку време ќе им треба за испораките. Како и да е, ставен е крај на една ера започната во 1969-тата со првата генерација на Skyline чија спортска верзија ја имаше ознаката GT-R.

Децении после тоа Nissan на изричито барање на Карлос Гон го издвои како посебен модел што овозможи да се развива посебно без лимитите што ги поставува стандардната механика. Така после седум години посветена работа во 2007-мата се роди моделот со кодна ознака R35 кој го красеа бескомпромисни решенија и филигранска изработка.

Ентузијастите веднаш ги препознаа неговите квалитети и особености за кои вистински да се разберат требаше да се има инженерска диплома. Моторот беше 3,8 литарски со два турбокомпресора и 480 коњски сили.

Намерата да се најправи најдобриот во светот спортски автомобил беше успешно исполнета – уште пред пазарното лансирање три илјади купувачи застанаа во ред за него и покрај тоа што знаеја дека ќе се произведуваат по само 200 возила месечно.

Со текот на годините Nissan GT-R доби многу но само мали унапредувања – сé на него беше толку врвно изведено што не можеше или не требаше да се менува. Вкупно досега се направени повеќе од 40 илјади примероци, а на неговиот наследник кој ќе биде електричен ќе се чека уште доста.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER