Последниот примерок на R35 GT-R излезе од производствената линија во фабриката Точиги во Јапонија
Во текот на изминатите 18 години Nissan произведе приближно 48.000 единици од R35 GT-R. Овој модел беше посебен од неколку гледни точки. Поради неговите перформанси и разумна цена бргу доби два прекари – Годзила и убиец на супер автомобил. Тим од девет мајстори, познати како Такуми, ги склопија сите мотори на GT-R рачно во фабриката во Јокохама.
Името на секој од нив може да се најде на посебна плочка прикачена на соодветниот погонски склоп. 3,8 литарски V6 мотор со двојно турбо е поврзан со напредниот систем за погон на сите тркала. Во овој период моторот неколку пати еволуираше од почетните 480 КС, потоа силата беше крената на 570, за да достигне 608 КС. Последниот примерок на R35 е GT-R Premium Edition T-Spec ја носи препознатливата полноќна пурпурна боја. Наменет е за купувач во Јапонија кој својот GT-R го нарача пред 18 месеци кога производителот ја прифати последната нарачка за овој модел.
На церемонијата во фабриката извршниот директор на Nissan, Иван Еспиноза, изјави дека ова не е збогум на GT-R засекогаш. Целта е името GT-R еден ден да се врати и затоа ги замоли љубителите за трпение бидејќи GT-R ќе еволуира и ќе се појави повторно во иднина.

