Nissan Ariya – Авантура долга 27.000 километри

Од Арктик до Антарктик

Уверени во можностите на новиот електричен кросовер Ariya, Nissan објави партнерство со британскиот авантурист Крис Ремзи. Целта е повеќе од предизвикувачка и опфаќа патешествие помеѓу двата пола на планетава на кое ќе помине неколку континенти и рута подолга од 27.000 километри. За оваа пригода Nissan Ariya e-4ORCE тимот е подготвен да помине темепературни разлики од 30 целзиусови под нулата до исто толку во плус. Ремзи ќе биде првиот човек кој ќе извози од Арктик до Антарктик со било какво возило планирајќи да помине низ пусти предели каде полнењето на батериите може да биде голем предизвик. Овие ситуации му се многу добро познати бидејќи со својата сопруга го имаат извозено Mongol Rally во должина од 16.000 километри со Nissan LEAF. Во подготовките за смрзнувачките температури на половите и попатните предизвици Nissan Ariya e-4ORCE ќе биде модифицирана  со додатоци неопходни за возење на екстремен терен. Во овој потфат ќе учествува уште една не модификувана Ariya, која во својата фабричка опременост ќе служи како возило за поддршка низ Американскиот континент. Крис Ремзи, основач на Pole to Pole, коментираше: „Нашата мисија е да покажеме дека електричните возила можат да се справат со најтешките средини – од горчливиот студ на половите до топлите и влажните џунгли во Јужна Америка, и да демонстрираме дека тие ги исполнуваат секојдневните барања на возачите ширум светот и се возбудливи за возење.“

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER