Nio – Развива соработка со локални компании за услуги

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Премиум услуги од премиум марка

Кинескиот Nio го започна својот европски пат со моделот ET7 кој стартува во Германија преку директна продажба. Кинескиот производител на премиум е-автомобили паралелно со почетокот на продажбата ги презентира партнерите кои ќе ги поддржуваат возачите на Nio. Специјалистот за флотна продажба Global Automotive Service (G.A.S.), станува овластен партнер за сите сервисни работилници од кои 14 големи сервисни партнери во националната мрежа специјализирани за сервисирање на моделите на Nio и стотици сервисни работилници под договор во Герм. Ерго е именуван како официјален партнер за осигурување додека сопствениците на Nio имаат пристап до околу 380.000 точки за полнење низ Европа и 55.000 станици за полнење во Германија, без посебна картичка за полнење. Користејќи ја апликацијата Nio, корисниците можат да ги видат сите достапни точки за полнење во мрежата и да го започнат процесот на полнење со картичката за клучеви Nio или директно преку апликацијата Nio. Уште една премиум услуга опфаќа достава на адреса по избор веднаш по нарачката. Услугата е бесплатна за нарачки направени до 31 декември 2022 година.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.00 ден
  • еуросупер 98 - 82.50 ден
  • еуродизел Д5 - 81.50 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 123.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER