Nilu27 – Уште еден монструм со V12 мотор

Поранешниот шеф на дизајнот на Koenigsegg и Bugatti Саша Селипанов   одлучи да стартува со сопствен хиперавтомобил

Наречен Nilu27 за него може да се каже дека истовремено е и убав и брутален. Убав затоа што човекот очигледно знае што работи, додека бруталноста се крие зад секоја негова бројка. Монокок структурата е од јагленородни влакна, а компонентите на задното ослонување се видливи однадвор. Спојлерот е свиткан над трите издувни цевки, на тркалезниот управувач нема копчиња а единствениот екран во целосно аналогната внатрешност е во ретровизорот за подобра прегледност наназад. Го задвижува 6,5 литарски V12 мотор со 1.070 коњски сили, брзината му е лимитирана на 400 километри на час а забрзувањето како што наведуваат од компанијата зависи од возачот. Само возачот ќе треба да обезбеди нешто повеќе од два милиони долари за да ги проба своите способности.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER