Moto Guzzi V100 Mandello Aviazione Navale

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

На крилјата на орелот!

Со долго очекуваниот V100 Mandello, Moto Guzzi сака да влезе во нова ера и да ја зачува сопствената историја. Првото специјално издание е веќе претставено и како што со Италијанците бива тоа е направено со многу помпа. И да не наликува на ниту една едиција во светот на мотоциклите, лансирана е ограничената серија „Aviazione Navale“.  Буквално лансирана, бидејќи е претставена на на италијанскиот носач на авиони Cavour!

Орелот со раширени крилја е заштитен знак на Moto Guzzi од ​​основањето на компанијата во 1921 година. Амблемот потекнува од заедничката воена служба на основачите Карло Гуци и Џорџо Пароди со аеронаутичката служба Regia Marina на воздухопловните сили на морнарицата за време на Првата светска војна. За тоа време, двајцата пријатели, заедно со пилотот Џовани Равели, решиле да се посветат на изградбата на мотоцикли по завршувањето на војната. Сепак, Равели не можеше да го оствари својот сон, тој трагично го загуби животот во 1919 година. Во спомен на нивниот пријател, Гуци и Пароди го избраа орелот за свој заштитен знак. Moto Guzzi V100 Mandello Aviazione Navale (поморски авијатичар) е ограничен на нумерирани 1913 примероци за да ја одбележат годината во која биле основани Воздухопловните сили на италијанската морнарица.

Шемата на бои и графиката на мотоциклот се инспирирани од сегашните борбени авиони F-35B на морнарицата, инаку познат како Sea Harrier. Стандардната опрема вклучува систем за следење на притисокот во гумите и загревани рачки. Серискиот број е изгравиран на горниот држач на рачката. Вклучени во цената се церада и комеморативна плоча. Само никој не ја споменува цената бидејќи продажбата ќе започне во март следната година. До тогаш собирајте пари и мислете на имиџот што треба да го следи вистински морнарички аеронаутичар…

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 85.50 ден
  • еуросупер 98 - 88.00 ден
  • еуродизел Д5 - 98.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER