Монца му „лежи“ на Peugeot 9Х8

На последната трка во Светскиот шампионат на издржливост тимот TotalEnergies WEC забележа најдобар пласман во сезоната.

Autodromo Nazionale di Monza била место каде се одржале многу возбудливи трки, но минатата недела забележани се највозбудливите шест часа тркање. Протагонисти беа болидите што се натпреваруваат во Светскиот шампионат во трки на издржливост кои со настапот на последната трка од календарот ја затворија годинешнава сезона.

Tимот Peugeot TotalEnergies успешно ја заокружи сезоната 2026 со одлична трка. По шест часа форсирање, францускиот производител го оствари својот најдобар резултат оваа година, со освоени бодови за двата Hypercar болида PEUGEOT 9X8, вклучително и одличното четврто место.

Со својата брза конфигурација и неодамна обновената асфалтна подлога, патеката позната како „Храм на брзината“ се чинеше дека особено му одговара на PEUGEOT 9X8. Со освоените петто и деветто место на стартната линија, тимот Peugeot TotalEnergies влезе во последната трка од сезоната со високи амбиции.

По интензивна борба во завршните кругови, #94 PEUGEOT 9X8 ја мина целната линија на петтото место, но по изрекувањето казни на други конкуренти по завршување на трката да биде класифициран на четвртата позиција. #93 PEUGEOT 9X8 го заокружи одличниот вкупен резултат со освојување на осмото место.

Сепак, казната од 10 секунди го спречи тимот да оствари уште подобар пласман. На тој начин, тимот Peugeot TotalEnergies успешно ја завршува сезоната 2026 во FIA WEC, со освоени бодови за двата болида PEUGEOT 9X8 и четвртото место на трката во Монца.

Целиот тим сега е целосно насочен кон новиот предизвик и кон што поефикасна подготовка за сезоната 2027.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER