Mitsubishi го враќа Outlander во Европа
Популарниот кросовер сега ќе доаѓа во своето плаг-ин издание, обновено со низа технички унапредувања. Ќе биде на располагање од првиот квартал идната година и ќе има електрична автономија од 86 километри.
Европските купувачи ќе имаат можност наново да се запознаат и со неговите добри возни карактеристики на сите терени кои произлегуваат од напредниот погонски систем кој вклучува и управлива задна оска.
Бензинскиот 2,4 литарскиот агрегат заедно со двата електромотора располага со вкупно 302 коњски сили кои ќе го забрзаат до 100 километри на час за 7,9 секунди. Ревидирано е и ослонувањето за повисоко ниво на удобност, а патниците во внатрешноста ќе ги дочекаат аудио систем развиен во соработка со Yamaha и седишта со греење и вентилирање.