Само за југоисточна Азија
Mitsubishi подготвува нов SUV, ама не и за кај нас
Сé уште без име, Mitsubishi ќе претстави нов SUV на салонот на автомобилите во Џакарта кој започнува идната недела. Од фотографиите се гледа дека тој е сериска верзија на минатогодишниот концепт XFC, од кој дизајнот и пропорциите се задржани скоро во оригиналниот облик. Според големината скоро е идентичен како поранешниот ASX, така што нема да биде изненадувачки ако ја добие токму таа ознака. Се разбира, нема да има ништо заедничко со европскиот ASX кој е клон на Renault Captur.
Внатрешноста не е покажана, но објавени се кратки информации за техниката. Новиот модел ќе биде опремен со 1,5 литарски мотор, безстепена континуирана трансмисија и погон само на предните тркала. Ќе располага со неколку режими на возење, а растојанието од подлогата изнесува 222 милиметри. Главни и веројатно единствени пазари ќе бидат земјите од југоисточна Азија каде Mitsubishi има силна позиција, а ќе се произведува во Индонезија. Пазарното лансирање е предвидено за ноември.



