Најголемиот модел во палетата на MINI стана и најбезбеден
Европската програма за проценка на безбедноста на автомобилите Euro NCAP ги објави резултатите од тестирањето на заштита при судири на MINI Countryman. Сега кросоверот не само што е најголем модел во семејството од Оксфорд, тој е и најбезбеден. Оценките на институтот за тестирање Euro NCAP се репер за безбедност од несреќи признати ширум Европа и нивото на безбедност постојано се подига. Само новите возила кои нудат одлична заштита од удари, а исто така се добро опремени со сеопфатна и практична технологија за избегнување несреќи добиваат највисока оцена од 5 ѕвезди. MINI Countryman има одлична заштита на патниците при различни типови на судир, ефикасната заштита за пешаците и велосипедистите, како и ефективни системи за избегнување незгоди. Широкиот опсег на системи за помош на возачот поврзани со безбедноста, вградени стандардно, исто така придонесоа за врвната оцена.