Mini Cooper порасна

Mini ја претстави и петвратната верзија на Cooper

Скоро една година после појавувањето на новиот Mini, марката ја претстави и верзијата со пет врати. За 172 милиметри подолг од стандардниот хечбек, тој како што беше случај и со претходната генерација има и поголемо меѓуоскино  растојание што дополнително го зголемува просторот за патниците. Моделот кој од оваа генерација се нарекува Cooper без разлика на нивото на опрема или моторот, во оваа изведба е најавен само со бензински мотори, но доста веројатно е дека се развива и со електричен погон.

Основната верзија означена како Cooper C има трицилиндричен 1,5 литарски турбо агрегат со 156 коњски сили и забрзува до 100 километри на час за солидни 8,0 секунди, додека максималната брзина што ја постигнува изнесува 225 km/h. Посилната Cooper S варијанта има дволитарски агрегат со 204 коњи со кои спринтот до сто го остварува за 6,8 секунди и достигнува 242 km/h.

Внатрешноста е идентична како и кај тровратната изведба, што значи дека владеат минимализмот во дизајнот, стилски фаворизираната двобојна шема и спортскиот дух. Патниците имаат на располагање седум различни конфигурации за чувството и амбиентот во кабината. Во овие први информации не се наведува кога ќе се стартува со продажба и колкави ќе бидат цените, но затоа се знае дека купувачите ќе можат да бираат единаесет бои на каросеријата и три контрастни бои за покривот.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER