Претставуваме – Mini Aceman Concept EV

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Новиот ас од ракавот на Мини

Mini Aceman Concept EV го најавува новиот стил на брендот, новите технологии и неизбежната електрификација.

Задачата на најновиот концепт е да покаже како ќе изгледаат идните производи од Оксфорд, а од неговите димензии јасно е дека е позициониран помеѓу класичниот Mini One и поголемиот Countryman. Во однос на дизајнот, би било сосема ирационално да се очекуваат спектакуларни стилски пресврти.

Mini е она што е од 1959 година, како што го дефинираше неговиот креатор Сер Алек Исигонис. Mini е модернизиран со текот на времето со суптилни решенија кои секогаш остануваат во границите на минимализмот. Не изненадува што Mini Aceman Concept EV е кросовер. Тој е долг 4,05 метри, а со 1,99 метри е прилично широк, што е всушност една од главните карактеристики на британската марка која долго време е во рацете на BMW.

Предниот дел е мала варијација на темата  што се растега во традиционалниот Mini дизајн, но новитет се аголестите лакови околу тркалата, кои треба да ја оправдаат припадноста кај кросоверите. На задниот дел повторно е употребено британското знаме во светлосните групи. Со оглед на тоа дека се работи за концепт, дизајнерите си дадоа слобода да го „засадат“ Mini Aceman Concept EV на огромни тркала до 20 инчи со пет краци свиткани навнатре.

Светлиот и едноставен дизајн е продолжен во внатрешноста. Традиционално, главниот и единствен екран е кружен, голем и сместен во средината на арматурата, а духот на модерното време и задоволството на клиентите кои повеќе се грижат за големината на екранот отколку за бројот на цилиндрите, го задоволува фактот дека тоа е и инфозабавниот екран.

Под него се наоѓа срамежлив ред физички прекинувачи, кои ги контролираат вклучувањето за избирачот на погон, рачната сопирачка и режимот на возење, како и јачината на звукот на аудио системот. Централниот екран може да биде потпомогнат од проектор кој прикажува информации за возењето и навигацијата на ветробранот.

Отсуството на технички податоци го оправдува фактот дека официјално Mini Aceman Concept EV ќе биде прикажан на јавноста на 23 август на видео конвенцијата на саемот за видео игри Gamescom во Келн.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 90.00 ден
  • еуросупер 98 - 92.00 ден
  • еуродизел Д5 - 90.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER