MINI – Директна продажба на моделите

 Групацијата BMWја менува својата продажна стратегија

Од почетокот на идната година моделите на Mini ќе се продаваат директно на купувачите. За пилот пазари се избрани Италија, Полска и Шведска, каде сегашните продажни партнери на BMW ќе ги одржуваат контактите купувачите и ќе посредуваат во испораките но нема да ги продаваат возилата. Како последица на тоа цените на целиот пазар ќе бидат еднакви, а возачите ќе добијат максимално квалитетни услуги насекаде.

Процесот ќе биде дигитализиран, а дилерите на BMW за секој пласиран автомобил ќе добијат соодветна провизија. Од минхенската компанија тврдат дека со овој начин на работа не настојуваат да ја заменат постоечката малопродажна мрежа, туку да ја дополнат. Како придобивка на тоа секој дилер во секој момент ќе има пристап до целокупните залихи возила без разлика на која физичка локација се наоѓаат, нудејќи им на купувачите поширок избор. Плановите се до 2026 година ваквиот начин на продажба да се прошири во останатите земји во Европа и на возилата од марката BMW. Rolls Royce не се споменува.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER