MG ZS беше најпродаваниот модел во Шпанија во декември 2023
Со вкупно продадени 2.563 единици MG ZS ја презеде титулата најпродаван модел на Пиринејскиот Полуостров во декември 2023 година. Со ова кинескиот модел, како новодојденец на пазарот ги надмина Renault Clio и Dacia Sandero. Ниската цена во голема мерка е заслужна за овој успех. Марката на SAIC во Шпанија го нуди бензинскиот ZS за помалку од 15.000 евра. Понудата на Clio започнува од околу 16.000 евра, додека основната цена на Dacia Sandero е околу 13.200 евра.
Што се однесува на „француската алијанса“, Clio изминатата година на шпанскиот пазар забележа раст од 57%, а Sandero пад од 11 отсто. Севкупно, продажбата на возила во Шпанија се зголеми за 11 отсто во декември, што е 12-ти последователен месец на раст. Статистиката покажува дека во декември продажбата на хибриди се зголеми за 24 отсто, побарувачката за plug-in хибриди е порасната за 41 отсто, а продажбата на целосно електрични модели скокна за 71 отсто во декември. За календарската 2023 година, продажбата на возила во Шпанија се зголеми за 16 проценти.