Со долгорочни планови да стане највредна луксузна марка автомобили, Mercedes реши да го раздвои својот асортиман во три сегмента. Акцентот е ставен на поскапите изведби и модели, од кои основните ќе бидат издвоени во таканаречениот влезен луксузен сегмент. Ќе ги има само четири и тие ќе произлезат од Vision EQXX концептот. Централното место во понудата ќе им припадне на идната Е-класа и електричните модели со слична големина. Во врвната категорија пак покрај сите AMG и Maybach верзии ќе се најдат и лимузинската и кросовер изведбата на EQS, како и S и G класите. Тие заедно до 2026 година треба да сочинуваат дури 60 отсто од продажбата на марката. Финансиски гледано, во истиот период оперативниот профит треба да нарасне на 14 отсто. За полесно остварување на ваквите амбиции ќе биде лансирана и посебна програма која ќе опфаќа најексклузивни преработки привлечни за колекционерите и најпосветените ентузијасти. Возилата од оваа серија наречена Mythos ќе бидат произведувани во строго ограничени количини и целосно персонализирани според желбите на купувачите. Првиот модел би бил отворен двосед базиран на актуелниот SL, но засега нема никакви детали за него.
Бидете информирани
Добивајте информации за сите новости од Авто Магазин
Menu