Mercedes-Maybach SL 680 Monogram

Автомобилското небо го осветли уште една сјајна ѕвезда на Mercedes која зрачи со луксуз на сите страни.

Новиот луксузен рафинат се одзива на името Maybach SL 680 Monogram и го подигнува нивото на ексклузивност на највисоко во историјата на марката.

Иако од техничка страна не е ништо ново, спортскиот двосед на својствен начин ги интерпретира и имплементира сите вредности на екстраваганцијата на трикраката ѕвезда. Инспириран да се достигнат досега недофатливи лимити во хранењето на човечкото его, негова единствана намена е да ги одушеви купувачите.

Тоа ќе го прави со гламурозноста  во сите свои детали која најпрво се огледува од посебно креираните дизајнерски концепти. Ги има два, со црвена и бела основа на каросеријата а заедничка им е хаубата на која со специјална роботски контролирана техника се нанесени безброј лога на Maybach.

Кому тоа не му е доволно, за вистинска персонализација на располагање се уште доста други палети инспирирани со тоновите на моменталните модни трендови, минералите, архитектурата и скапоцените камења каков што впрочем е и погонскиот систем на овој автомобил.

Тој се базира на познатиот четирилитарски V8 битурбо мотор 585 коњски сили од AMG во комбинација со деветстепената автоматика.

Погонот и управувањето се на сите четири тркала што овозможува агилност и стабилност во сите услови на возење контролирани од електрониката која има четири режими.

Ентериерот нуди посебно чувство на релаксираност со пријатен и елегантен амбиент добиен со екстра внимание од врвните мајстори на занаетот во Mercedes.

Сето тоа е дополнето со посебни колекции додатоци изведени во ист стил како и автомобилот, како што се кожена јакна, патики, шал, торба за пазарење па дури и кутија за домашни миленици.

Се разбира ваквото претставување на себе си пред светот треба скапо да се плати, но колку точно Mercedes не кажува.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER