Mercedes GLB – Ново поглавје

Претставен е новиот Mercedes GLB. Личи на темелен редизајн на претходната генерација, ама е потполно поинаков.

Ја користи модуларната платформа од CLA и исто така прво ќе биде понуден во електрично издание. За 10 сантиметри зголемената должина му обезбедува повеќе простор, поголема практичност и три реда седишта.

Визуелно претставува суптилна и помодерна еволуција на првобитниот изглед, сега со позаоблена коцкaста силуета која многу наликува на Smart #5. Линијата на покривот е повисока, препустите пократки а маската со 94 мали светлосни елементи во облик на Mercedes-овата ѕвезда не е толку предимензионирана како кај GLC.

Во кабината се наоѓа монолитна инструмент табла а достапен е и Superscreen системот. Тој се состои од три големи екрани – покрај дигиталната инструмент табла од 10,25 инчи уште два од 14 инчи, централниот и посебен за совозачот на кој може да се гледаат и видеа за време на возењето.

Задржани се неколку физички тастери а MBUX системот од четвртата генерација е со виртуелен асистент кој користи ChatGPT вештачка интелигенција. Основната електрична верзија ќе има батерии доволни за поминување 630 километри, а 800-волтната архитектура подржува моќност на полнење од 320 киловати.

Електромоторот од 272 коњски сили е поврзан со двостепена трансмисија која овозможува подобри перформанси при помали и поголема ефикасност при повисоки брзини. Кај изведбата со погон на сите тркала додаден е уште еден електромотор на предната оска кој кога не е потребен се исклучува.

Со неговите 82 дополнителни коњски сили забрзување до сто километри на час трае 5,5 секунди. Подоцна ќе бидат додадени и хибриди со новиот 1,5 литарски турбо мотор спарен со осумстепен менувач во кој има вграден електромотор.

Ќе биде достапен со три нивоа на сила, со погон на предните или сите тркала. Цените засега се познати само за електричните верзии и стартуваат од 59 илјади евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER