Германскиот производител објави нови детали за кабриолет верзијата на G-класата
Најавена уште лани, иако во називот го има зборот кабриолет сепак не е целосно таква – отворен е само задниот дел од каросеријата, опремен со склопив платнен покрив. Не е сосема јасно дали ќе биде достапна само во AMG изданието, што се чини доста веројатно. Тоа значи дека можеме да очекуваме 4,0 литарски твин-турбо V8 мотор со 585 KS. Непогрешливиот дизајн и безвременската привлечност ќе бидат гаранција за вниманието на купувачите од кои инженерите на Mercedes собираа сеопфатни податоци за да им осигурат максимално задоволство во возењето. Премиерата треба да ја очекуваме пред крајот на годинава.


