Херој на електричните возила на батерии, барем за сега, е Mercedes EQXX. Тој успеа да помине повеќе од 1.000 километри во реални услови на возење со едно полнење на батериите. Двата икса означуваат дека се работи за концепт возило, за оваа прилика опремено со техника од EQЅ, а судејќи според димензиите се однесува на идните компактни и средно големи модели.


