Mercedes – EQS

Вести

Започна продажбата

Електричната луксузна лимузина ќе почне да се испорачува од септември

објавено 11. август 2021

Од следбениците на електричните возила овој модел се чекаше со душа. Ги има сите атрибути за движење на струја и засилен е со имиџот што со себе го носи Mercedes. Иако производителот тврди дека EQS не е електрична верзија на фамозната S-Klass, така ја доживуваат екологистите. На тоа се надоврзува фактот дека EQS е првото возило на Mercedes поставено на новата модуларна архитектура за електрични возила од луксузната класа. Воедно, ова е потполно германски производ, па нормално е предимството на нарачки да го имаат домашните клиенти. Затоа цената со која се комуницира одговара на германскиот пазар. За верзијата EQS 450+ силна 245 kW треба да се уплатат 106.750 евра додека за 29.000 евра поскапа е EQS 580 4MATIC со 385 kW. Испораката започнува од крајот на септември. Најголеми очекувања во Европа се од германскиот, британскиот и норвешкиот пазар, а на глобално ниво се Кина и САД.