Mercedes CLS – Производството запира во август

Крај на оригиналноста

По три генерации и дизајн кој создаде безброј имитатори, CLS оди во музеј

Повлекувањето од производство на CLS не е изненадување, но секако е тажна вест. Првите озборувања за негово повлекување се појавија минатата година, а сега веќе е потврдено од страна на производителот.

Mercedes CLS 2018

Еден ден пред комерцијалното лансирање на новата E Class (W214), купето со четири врати по 19 години кариера и три генерации заминува во пензија. Од Mercedes ваквиот потег го оправдуваат со стратешкото планирање на портфолиото на производи кое се концентрира на рационализација и електрични модели.

Mercedes CLS 2004

CLS е претставен на Саемот за автомобили во Женева во 2004 година како поелегантна и поспортска интерпретација на E Class и веднаш беше прифатен благодарение на својот револуционерен стил, авангарден дизајн во кабината и две индивидуални задни седишта.

Mercedes CLS 2011

Втората генрација ја ограничи практичноста на автомобилот, но малкумина се грижеа кога CLS изгледаше толку добро како што изгледаше. За жал, CLS ја изгуби својата предност и стана непотребен откако AMG GT 4-Door пристигна во 2018 година. Интересно е што тој модел исто така се очекува да биде отфрлен во блиска иднина.

Mercedes CLS Shootingbreak

На 31 август оваа година  CLS заминува од сцената и со тоа не запира реструктуирањето на моделската понуда од Штутгард. Следни на листата за отстрел се купеата и кабриолетите од C и E класата ќе бидат заменети со целосно новиот CLE, додека купеата GLC и GLE се очекува да живеат само уште една генерација. На караваните на C- и E Class, како и на CLA Shooting Brake полека им истекува времето бидејќи тие не прават големи бројки, а желбата е да се зголеми производството на оние изведби што се масовно прифатени на пазарот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER