Mercedes-Benz – Започна производството на AMG One

Англискиот пациент

Предвиден да се произведе во мала серија од 275 примероци, хипер автомобилот AMG One започна да се произведува. Интересно е што неговото производство не се одвива во Германија туку во Англија.

 

За овој проект партнер на кого му е доверено производството е Multimatic лоциран во Ковентри. Хибридниот погон базиран на технологијата Формула 1 се состои од 1,6-литарски V6 турбо и четири електромотори. Хиперавтомобилот со плагин хибриден погон има системска моќност од 1.063 КС (782 kW), со кои AMG One забрзува до стотка за 2,9 секунди. Подеднакво импресивни се останатите податоци за спринтерските можности во кои се тврди  дека 200 км/ч се постигнува за седум секунди, 300 км/ч за 15,6 секунди, а максималната брзина е ограничена на 352 км/ч.

Монтажата се врши рачно на вкупно 16 монтажни станици. Кога ќе се заврши со монтажата секој примерок ќе биде проверен од фабрички тест возач на полигон. По одобрувањето, секој One се носи во седиштето на Mercedes-AMG во Афалтербах во затворен камион со транспортна заштита. Таму секој клиент ќе се запознава со технологијата на хиперавтомобилот пред да се предаде возилото. Првите испораки ќе се реализираат кон крајот на  оваа година, а секој примерок чини околу 3,3 милиони евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER