Компактно комбе за активни дебитанти
Соработката на Mercedes и групацијата Renault-Nissan-Mitsubishi се засилува
објавено на 29.07.2020
Во првата половина на 2022 би требало да се лансира потполно нов производ на Штутгартската ѕвезда. Наменета за семејства и луѓе кои своето слободно време го поминуваат активно а идниот модел би требало да им биде прв Mercedes што го купиле. Веќе е јасно дека тоа ќе биде компактно комбе. Според традиционалното обележување на моделите на Mercedes резервирано е името Т- Class. Целта на новиот модел е да ја потполни празнината која компанијата ја чувствува со губењето на приватните купувачи поради големината на комбето V Class и неадекватноста на веќе постоечкиот Citan чија продажба е подобра како товарна верзија. Идната Т класа ќе ја дели платформата со уште два модели што ќе се произведуваат во кооперација со групацијата Renault-Nissan-Mitsubishi. Ова не е ниту прв, а според се судејќи, уште помалку последен модел од оваа соработка. Во штутгартскиот табор се уверени дека ќе бидат убедливи за купувачите и дека ќе успеат да ја наметнат својата верзија во однос на партнерите. Новата Т класа ќе се комуницира како атрактивен придружник на семејствата преку дизајнот кој ќе биде фузија на функционалност и остварување на очекувањата типични за марката.


