Mercedes-Benz преку Drive Pilot ја усовршува класата S со високо автоматизиран начин на управување до 95 km/h
Дека S Каласата на Mercedes-Benz е направена за елитата покаужува и последната новост од Штутгард.
Имено, на автопат наместо претходните до 60 км/ч „слонот“ може автономно да се однесува без никаква асистенција на возачот до брзини од 95 км/ч и да му овозможи голема слобода. Имено, возачот може да гледа филмови, да чита весник или да работи додека вози.
Ако возачот не го превземе воланот кога системот тоа од него го бара, доаѓа до итно запирање. Со цел да го сигнализира работниот статус на другите учесници во сообраќајот, Mercedes во моментов тестира специјални тиркизни светла во САД и Германија. Со ажурирањето на моделот, инфозабавниот систем MBUX добива и некои ажурирања.
Меѓу другото, интегриран е и Chat-GPT. Сателитскиот приказ на Google овозможува птичја перспектива со висока резолуција во системот за навигација, што овозможува подобар преглед, особено во сложени средини.
Entertainment Package Plus сега е достапен преку продавницата на Mercedes‑Benz и нуди популарни услуги за видео стриминг од YouTube до Ridevu на Sony.