Леопард го прекина производството на Mercedes-Benz
Секој производител на автомобили доживеа доцнење во производството во изминатите години, а главни причини се пандемијата, недостигот на чипови или други проблеми со синџирот на снабдување. Но, доцнењето предизвикано од луда причина како што залутан леопард се вистинска реткост.
Тоа се случи во фабриката на Мерцедес-Бенц во Чакан, Индија. Леопардот влегол во фабриката и ги исплашил работниците, поради што производствените линии запреле шест часа. Иако Индија е дом на најголемата популација на леопарди во светот настанот е вистинска реткост. Колку и да изгледа неверојатно, ова не е прв пат леопард да блокира фабрика за автомобили во Индија. Тоа се случи и пред пет години кога грабливка влезе во фабриката Maruti-Suzuki во Њу Делхи. На тимот за одговор му беа потребни 36 часа за да го пронајде и извади животното од просториите на фабриката.

