Mercedes-Benz GLE– Модернизиран мотор

Вести

Струјата доаѓа на помош!

Благата хибридизација го продолжува векот на четири цилиндерскиот дизел

објавено 26. октомври 2021

Mercedes-Benz го модернизира моторот со четири цилиндри на GLE 300 d 4-Matic и GLE 300 d 4-Matic Coupé. Во иднина, тие ќе бидат благи хибриди со интегриран стартер генератор (ISG) и ќе имаат моќност од 272 КС. Стандардната потрошувачка варира помеѓу 5,8 и 6,3 литри на 100 километри, во зависност од опремата што е значително помалку од претходникот. Подобрен е и погонот на сите тркала. До сега, GLE со четири цилиндри имаше преносно куќиште кое го испраќаше погонскиот вртежен момент до оските со фиксен сооднос од 50 до 50 проценти. Електронски контролираната спојка со повеќе плочи сега овозможува променливо поместување на погонскиот вртежен момент од нула на 100 проценти помеѓу оските. Во понуда овој модел влегува од идниот месец.