Mercedes-Benz ги укинува Citan и Т-Class

Прекинот на производство на двете компактни комбиња е закажан за средината на 2026 година

Веста дека Mercedes-Benz ќе го прекине производството на Citan и неговата патничка верзија T-Class се должи на две основи. Првата е разлабавувањето на врската со Renault и, втората, фокусирање на попрофитабилни линии на сопствените модели комерцијални возила.

Citan и T-Class се базирани на Renault Kangoo и се произведуваат во фабриката на Renault во северна Франција. Укинувањето на двата модели ќе му овозможи на Mercedes да се фокусира на комерцијалните возила од средниот и големиот сегмент каде моделите како Vito, V-Class и Sprinter се попрофитабилни.

Лани вкупната продажба на комбиња на Mercedes забележа пад од 9 отсто завршувајќи ја годината со вкупно продадени 405.610 возила. Продажбата на Citan падна за 3 отсто на 23.351, а обемот на Т-класа е намален за 31 отсто и се сведе на само 5.117 единици. Дивизијата за комерцијални возила на Mercedes генерира подобри профитни маржи отколку одделот за патнички автомобили.

Годинава се предвидува маржата да биде од 10 до 12 отсто за комбиња и шест до осум отсто за автомобилите. Mercedes планира да употреби голем број компоненти од постоечката електрична архитектура во својата нова електрична платформа Van.EA која ќе биде основа на новата генерација електрични комбиња од 2026 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER